Струја ќе потече од „Злетовица“

Bez autora
Mar 19 2012

И по две години од завршувањето на изградбата на првата фаза од хидросистемот „Злетовица“, вода од Злетовска Река с` уште пијат само жителите на Свети Николе, иако беше предвидено овој капацитет да напојува пет општини од североисточниот регион. Општина Свети Николе засега е единствената која со новоизградената филтер-станица и е во можност на граѓаните да им доставува квалитетна вода за пиење. Општините Штип и Пробиштип се надеваат дека дури од в година ќе бидат подготвени за да ја користат водата од јавното претпријатие „Хидросистем Злетовица“. Со втората фаза од проект-хидросистемот „Злетовица“ е планирано да се наводнуваат околу 4.100 хектари обработлива земјоделска површина, од кои 3.000 хектари на територијата на Пробиштип и 1.100 хектари во Kратово.

Струја ќе потече од „Злетовица“И по две години од завршувањето на изградбата на првата фаза од хидросистемот „Злетовица“, вода од Злетовска Река с` уште пијат само жителите на Свети Николе, иако беше предвидено овој капацитет да напојува пет општини од североисточниот регион.

Општина Свети Николе засега е единствената која со новоизградената филтер-станица и е во можност на граѓаните да им доставува квалитетна вода за пиење. Општините Штип и Пробиштип се надеваат дека дури од в година ќе бидат подготвени за да ја користат водата од јавното претпријатие „Хидросистем Злетовица“.

Со втората фаза од проект-хидросистемот „Злетовица“ е планирано да се наводнуваат околу 4.100 хектари обработлива земјоделска површина, од кои 3.000 хектари на територијата на Пробиштип и 1.100 хектари во Kратово. Со третата фаза од овој повеќенаменски хидросистем, која според предвидувањата ќе биде и најисплатлива, од доискористување на водниот потенцијал со кој располага сливното подрачје на Злетовска Река, се планира годишно да се произведуваат околу 50 милиони киловат-часови електрична енергија.

- Овие две фази од ХС „Злетовица“ се мошне значајни за нас и за населението од овој регион. Затоа пред две години упативме барање до Европската инвестициска банка (ЕИБ) за одобрување грант од 1 милион евра, со кои ќе може да се пристапи кон изработка на техничката документација за овие две фази од повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“. На општо задоволство добивме позитивен одговор од ЕИБ, која ги одобри бараните пари. Договорот за грантот веќе е потпишан, а во меѓувреме тече и постапката од меѓународниот јавен повик за избор на консултант, кој го распишавме заедно со Министерството за земјоделство - вели Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik